Колагенот има тројна улога во организмот на човекот. Колагенот делува на подобрување и спречување на остеопорозата, подобрување и спречување на остеоартритисот како и отстранување на брчките и спречување на формирање на нови.
ОСТЕОАРТРИТИС И ОСТЕОПОРОЗА
Како луѓето стареат, така белезите на возраста почнуваат да се појавуваат. Два од најголемите здравствени проблеми се остеоартритис и остеопороза кои водат кон болка и инвалидитет.
Сега веке добро познатиот хидролизиран колаген (пептан) помога во одржувањето на здравјето на коските и зглобовите превентирајки ја остеопорозата и остеоартритисот.
Зглобови:
Рскавицата се состои од единствени клетки хондроцити вградени во екстрацелуларен матрикс кој е составен од две главни компоненти: тип 2 колаген кој е задолжен за цврстината на ткивато и агрекан кој е задолжен за отпорот на рскавицата на притисокот .
Во тек на остеоартритис, најчестиот облик на артритис, оваа состојба е нарушена заради присуството на про-инфламаторните молекули кои стимулираат синтеза на деградирачки ензими. Овие ензими ги разградуваат агреканот и колагенот, што доведува до губиток на рскавицата и намалување на нејзината функција.
Со внесување на хидролизираниот колаген (пептан) се надополнува разградениот колаген и се обновува рскавицата на згловбовите.
Коски:
Во однос на делувањето на хидролизираниот колаген, истражувачите откриле и покажале дека кога метаболитите на хидролизираниот колаген (пептан) се присутни во екстрацелуларниот матрикс на коските, тие ја стимулираат синтезата на остеобластите (клетките одговорни за формирање на коскено ткиво), на местото на остеокластите (клетките кои вршат ресорпција на коскеното ткиво).
Тоа како краен ефект има спречување на остеопорозата и обновување на коскеното ткиво.
Научно поткрепено може да се каже дека хидролизираниот колаге (пептан) помага во:
- превенција од остеопороза
- превенција од губењето на коскената цврстина
- одржувањето на здравјето на коските
- превенција од остеоартритис
- превенција од дегенерација на матриксот во зглобовите
- намалувањето на болките во зглобовите
КОЖА И БРЧКИТЕ
Фините линии, брчките и губењето на еластичноста се симптоми обично поврзани со стареење на кожата. Во најголем дел ова е резултат на на акумулираното животно изложување на кожата на опкружувањето, како и на природното намалувње на обновувањето на клетките кое допринесува до губење на колагенот.
Усмерената нега на ваква кожа може драматично да го подобри и врати младалачкиот и здрав изглед на кожата. Одржувањето на количината на колаген е клуч за убава и здрава кожа. Глицин, пролин, аланин и хидроксипролин се главни состојки на колагенот. Со потполнување на овие конститутивни аминокиселини се одржува количината на колаген во здраво ниво и на тој начин се спречува стареењето на кожата.
Се повеќебројните истражувања покажуваат дека нутрикокозметиката може да придонесе за здрава кожа. Додека актуелните креми и козметички производи можат да влијаат на состојбата на кожата од надвор, уште поефикасно додатоците во исхраната земани орално влијаат од внатре, познато како: "Убавината доаѓа од внатре".
Кога колагенот (пептан) ќе се внесе во организмот тој доведува до создавање на колаген пептиди, кои пак делуваат стимулативно на создавање на нови фибробласти, до зголемување на нивната густина и зголемување на волуменот на колагените влакна во дермисот.
Сето тоа доведува до :
- зголемување на механичката цврстина на кожата
- зголемување на еластицитетот на кожата
- осветлување на кожата
- подобрување на влажноста на кожата
- намалување на бројот на микро-релјефните бразди
- спречување на создавањето на нови брчки
Произведено во Франција.