Protekal кувар

Со почеток на диетата пациентите често поставуваат прашања во врска со новиот режим на исхрана и идеите на подготвувањето. Од таа причина подготвивме неколку совети и рецепти, за кои дознавме од нашите пациенти и тие можат да им послужат на идните пациенти како олеснување во комбинации на различни Protekal продукти со дозволените зеленчуци во дијетата.

За подготвувањето на ручек и вечера се комбинират зеленчуци од групата А и групата Б со Protekal производите. Доколку со подготвувањето на оброкот не го искористите сиот потребен зеленчук за тој оброк, остатокот подгответе го како салата или прилог. Комбинирајќи ги Protekal производите, зеленчук и сушени зачински растенија можете сами да креирате нови рецепти.

супи - чорби
Можат да се подготвуваат со Protekal супите.

  • Чорба од карфиол. Во 200 мл вода да се свари 50г карфиол или брокула, а потоа кога малку ќе се излади треба да се измеша со Protekal супа од зеленчук. Според вкусот може да се додаде малку лук во прав.
  • Чорба од тиквички. Во 200 мл вода да се свари 50г исецкани или изрендани тиквички, а потоа кога малку ќе се излади треба да се измеша со Protekal супа од зеленчук.
  • Чорба од боранија. Во 200 мл вода да се свари 50г боранија, а потоа кога малку ќе се излади треба да се измеша со Protekal супа од зеленчук. Според вкусот може да се додаде малку лук во прав.
  • Чорба од спанаќ. Во 200 мл вода да се свари 50г спанаќ, а потоа кога малку ќе се излади треба да се измеша со Protekal супа од зеленчук. Според вкусот може да се додаде малку лук во прав.
  • Чорба од зеленчук. Во 400 мл вода се вари сушен кромид, 50г пиперка и 50г домат. Како зачин користете сушен магданос, црн пипер и сол.


mushroomsouptomatosoup

главни јадења
Се подготвуват со Protekal оброци.

  • Летна манџа со Protekal омлет. Сушен кромид се динста на малку маслиново масло и вода и се додава по малку за време на готвењето. Се додава ситно сецкана зелена пиперка и се динста. Потоа се додава до 50г сецкан домат и зачини (сол, црн пипер и малку црвен пипер). Според вкусот може да се додаде малку свеж лут пипер. Се динста уште малку. Се додава Protekal омлетот, се меша и уште малку пропржува.
  • Мусака од зеље. 250-300г зеље или блитва да се свари. Половина од свареното се слага во плех. Се динста доста кромид и 50г исецкани шампињони на малку маслиново масло, зачинето со сол, црн пипер и лук во прав. Смесата да се премачка преку зељето, а потоа се реди другата половина зеље одозгора. Се тоа се прелива со разматениот Protekal омлет и се става да се запече во рерна.
  • Рестован компир. Се динста сушен кромид на вода со малку маслиново масло. Се додава црвен пипер. Се меша со матен Protekal компир пире.
  • Полнети пиперки. Се динста поголема количина сушен кромид на маслиновото масло, се додават ситно сецкани шампињони и зачини. Се полнат зелените пиперки и се затварат исто така со пиперка. Да се запече во рерна.
  • Протеински солен бисквит или погачица. Да се подготви Protekal леб со малку поголемо количество вода. Се додава сол и сушени зачини според вкусот (кромид, лук, оригано..). Се пече во поголем плех и се крши. Доколку сакаме да добиеме погачици, треба да имаме плех со мали округли отвори. Во нив ставаме корпички за колачи. Смесата треба внимателно да се става и потоа се пече.
  • Протеински солени стапчиња. Во шејкерот се става вода - 40мл и во неа се растворува 1-2 лажици „Dijon“ сенф и малку сол. Кога е сенфот растворен, се додава содржината од кесичка Protekal леб и се меша. На претходно обложен плех со хартија за печење смесата се обликува во тенки стапчиња долги околу 10цм. Преку се посипува малку сол и се пече. Ваквите стапчиња можат да се прават и со додаток на оригано или малку кромид и магданос.
  • Protekal PIZZA. Се подготвува тесто за Protekal леб и се става во мал округол плех. Се динстаат 50г домати на малку маслиново масло во кое се става малку лук во прав и босилок. Кога малку ќе се излади се премачкува преку тестото, и се редат сецкани шампињони - 150г и се посипува оригано. Се пече.
  • Ролат од шампињони со кари. Во шејкер се стават 40мл вода и кесичка Protekal леб. Се меша и разлива во претходно подмачкан пластичен, правоаголен, плиток сад. Се става во микроталасна рерна и се пече 1 минут. Во тава се динста 50г сецкани печурки со лук во прав и магданос. Кога ќе се зацрвени се додава домат сецкан на коцкички и се додава кари зачин. Се динста уште малку, па смесата се мачка на испечен леб и се витка во ролат.
  • Пудинг од зеленчук. Во тава се става малку маслиново масло, се додават ситно сечкани шампињони, спанаќ, зелена пиперка по 50г, лук во прав, сушен кромид. Се става вода и се вари се додека водата не изврие. Се подготвува смесата за Protekal омлет со сланина и се меша со зеленчук. Се става во подлабок сад, а потоа во микроталасна печка, се додека омлетот не се испече.
  • Мафини од пиперки, спанаќ и брокула. Во шејкерот се меша Protekal омлет и се додават зачини: магданос, оригано, лук... Во 3 силиконски модли за мафини се става малку спанаќ, брокула и пиперки кои претходно неколку минути биле во микроталасна. Омлетот се налива преку зеленчукот и се пече во микроталасна уште 2-3 минути.
  • Спанаќ со компир пире. 200г спанаќ или блитва се вари а потоа ситно сечка. Се зачинува според вкус - сол, црн пипер, лук во прав, мајчина душичка. На тефлон се пропржуват 100г шампињони сецкани на ливчиња, се преливат со пола лажица маслиново масло и се мешаат со спанаќот. Се мати Protekal компир пире според упатството и се додава во малку изладената смеса од спанаќ и шампињони.
  • Омлет со тиквички и пиперки. - На тефлонот со малку маслиново масло се прoпржуваат 50г изрендани тиквички и 100г зелени пиперки. Во тоа се додава Protekal омлет. Се сервира со марула.
  • Омлет со спанаќ, пиперки и шампињони. 150 г спанаќ се сецка ситно и се вари. 50г зелени пиперки се сецкаат на најситни коцкици и се пропржуваат на тефлон без масло. 100г шампињони се сецкаат на ливчиња и пропржуваат на наколку капки маслиново масло. Се се меша и според вкусот се ставаат зачини: лук, сол, црн пипер, мајчина душичка. Се става во тава и кога добро ќе се загрее, се додава подготвената смеса Protekal омлет. Се пржи додека омлетот не биде готов.
  • Protekalлеб со спанаќ. Се обарува 50г спанаќ и многу ситно се сецка. Се цеди и додава во смесата за Protekal леб и пече според упатството 20 мин. Се подготвуваат 250г гриловани зелени пиперки, зачинети со неколку капки маслиново масло, малку оцет, лук и магданос и се јаде со протеинскиот леб.
  • Пилешки крокети со спанаќ. Се обарува 50г спанаќ и многу ситно се сецка. Се цеди и додава во смесата за Protekal пилешки крокети и се пече според упатството 15 мин. Се подготвува салата од 150г краставици и 100г свежи зелени пиперки. Салатата да се зачини според вкусот и се јаде испечени пилешки крокети.
  • Омлет со спанаќ и пиперки. Во загреан тефлон се стават неколку капки маслиново масло и се става подготвената смеса за Protekal омлет и се пече да заличи на палачинка. 200г зелена пиперка се грилува или вари и се вари и ситно сецка 100г спанаќ. И едното и другото се зачинува според вкусот и се реди на испечениот омлет.
  • Чорба со кнедли. Од дозволеното количество на карфиол и брокула се вари чорба. На самиот крај на варењето се додава смеса за Protekal пилешки крокети во вид на кнедли и уште малку се вари.

pizzabigmafinbig

Muffins

 

 

  •  

десерти

Чоколадни бисквити. Во шејкерот се става 80-90 мл вода и во неа се растворуваат 2 таблети аспартамски засладувач. Се додава кесичка Protekal какао напиток и се меша. Кога ќе се раствори се додава кесичка Protekal леб и добро се меша. Смесата треба да биде густа. Се подмачкува или корпичките се ставаат во модлата за мафини ( 4 парчиња). Уматената смеса се става во калапи и се пече во претходно загреана рерна на 200 степени, 20 мин. Напомена: За еден оброк смеете да изедете само 2 мафина, зошто се направени од 2 кесички.

  • Совет за матење на пудингот: Може да се матисо миксер.Се добива убава пенаста структура.

cokobig
puddingbig

Не постојат производи/услуги во оваа категорија.

Protekal © 2024. UKION SHOPS