За нас

Protekal е научен метод за регулирање на телесната тежина кој се базира на консумирање на специјална Protekal храна. Наменет е како за редукција на телесната тежина, така и за нејзиното одржување.

Редукција на телесната тежина

Кога се работи за намалување на телесната тежина, овој процес се спроведува исклучиво под надзор на специјално едуцирани доктори за Protekal диетата. Пред започнувањето на диетата се прави крвна анализа и телесна анализа на спецеијални апарати и според тие резултати докторите изготвуваат шема за суплементирање со минерали и витамини за секој пациент индивидуално. Сето ова е важен сегмент за да нема никакви несакани последици од диетата, а резултатите да бидат максимални. Во почеток на диетата се консумира само Protekal храната и малку зеленчук. Видовите на  дозволени зеленчуци и нивните грамажи се точно препорачани за секој пациент индивидуално. Во почеток на диетата се консумираат 5 Protekal оброци. Како пациентот се доближува кон посакуваната тежина постепено Protekal оброците се заменуваат со секојдневна храна, но според точно утврден редослед, за на крај да се консумира само секојдневната храна. Темпото на диетата и преминување од фаза во фаза, кога Protekal оброците  се заменуваат со секојдневната храна го одредува докторот. За да нема враќање на килограмите многу важно е правилно да се  спроведат сите пет Protekal фази.

Одржување на телесната тежина

По завршувањето на Protekal диетата пациентите продолжуваат да се хранат според инструкциите на Protekal докторите, следејќи ги новите стекнати  навики во периодот на Protekal диетата. Исто така пациентите имаат можност по завршувањето на диетата да купуваат Protekal производи и од време на време со нив да ги заменуваат оброците од секојдневната храна.

Напомена: Консумирање на повеќе од  два Protekal оброка на ден е дозволено само доколку пациентот е под надзор на специјално едуцирани доктори за ова диета.     

Не постојат производи/услуги во оваа категорија.

Protekal © 2024. UKION SHOPS